Црноморскиот пристанишен град Одеса на југозападот на Украина вечерва беше погоден од руски ракети, изјави локалниот гувернер Максим Марченко.
Во изјава на платформата Телеграм, тој наведе дека има загинати и повредени, но дека засега нема подетални информации за ракетирањето, пренесува Ројтерс.
Украинската државна телевизија Суспилне во својот извештај пренесе соопштение од јужната воена команда, во која се наведува дека во овој ракетен напад е оштетен еден верски објект.