Десетмина приведни ноќеска во скопски локали, им била пронајдена дрога

Од:

Ноќта меѓу 1 и 2 мај полицијата привела 10 лица при контроли на скопски угостителски објекти откако кај нив била пронајдена дрога.

-На 01.05./02.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 10 лица. Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ информира Министерството за внатрешни работи.

Имено, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски