Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Од:

Германија нема регистрирано ниту една смрт од коронавирус во дневните податоци, за првпат по повеќе од седум месеци.

Податоците од Институтот за контрола на болести Роберт Кох објавени за последните 24 часа покажуваат дека нема смртни случаи од Ковид-19 за прв пат од 21 септември минатата година. Можни се подоцнежни промени или ажурирања, а здравствените власти генерално бележат пониски стапки на смртност за време на викендите.

Германските здравствени власти регистрираа 4.032 случаи на Ковид-19 во РКИ во последните 24 часа.

Германија има регистрирано 24.813.817 потврдени инфекции со Ковид-19 и 135.461 смртни случаи од почетокот на пандемијата, но реалните бројки се веројатно многу поголеми бидејќи се верува дека многу случаи не се регистрирани.

Во меѓувреме, седумдневната инциденца на инфекција во земјата на 100.000 луѓе продолжи да паѓа, а според податоците објавени денеска, таа е 639,5 во споредба со 790,8 една недела претходно и 1531,5 еден месец порано.

Последниот неделен извештај е од 18 до 24 април. Инциденцата не дава целосна слика за нивоата на инфекција бидејќи зависи од тоа колку заразени луѓе се тестираат.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица

Во Германија рекорден број на новозаразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата