Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци попладнево објави цени за откуп на висококвалитетните сорти на грозје, а стартот на бербата за првите сорти винско грозје го најави за в понеделник.
– За килограм шардоне со 24 брикса цената е 17,6 денари. За коминтентите кои ќе добијат покани за берба на грозјето во гајби ќе се доплаќа по 2 денара за килограм. За мерло од 25 шеќерни единици цената е 15,4 денари. За совињон бланк со 23 брикса ќе се добива 16,5 денари, а 19 денари ќе се исплатуваат за 23 брикса траминец и темјаника, велат од винаријата.
Зависно од квалитетот и шеќерноста на грозјето, посочуваат оттаму, ќе се добива и поголема цена.
Цените за сортите смедеревка, вранец и кратошија дополнително ќе бидат соопштени.