СДСМ: Се грижиме за правата на работниците, растат платите, невработеноста опаѓа

Од:

Овој ден е добра можност да се потсетиме на она што СДСМ преку инситуциите го прави за нашите работници, за нашата домашна економија. Преку отворен и инклузивен дијалог, за само четири и пол години минималната плата успеавме да ја зголемиме двојно. Ако минималната плата во 2017 во поедини дејности изнесуваше 8.800 денари, денес изнесува 18.000 денари во сите дејности рече на прес конференција пратеничката на СДСм Даниела Маркоска.

– Денес, работниците се позаштитени, имаат поголема економска и правна сигурност на своите работни места, а се регулираат и нестандардните форми на вработувања. Денес, недела навистина е неработен ден за 92 отсто од работниците, а оние кои работат во недела добиваат повисоки дневници и со тоа поголема плата на крајот од месецот. По 3.000 денари добиваат сите млади до 23 години вработени во производството, претходно го решивме статусот на стечајните работници а обезбедивме државна социјална пензија за оние граѓани кои не ги исполнуваа условите за стекнување старосна пензија. Преку одговорни економски политики, обезбедивме отворање на нови и добро платени работни места и намалување на стапката на невработеност која денес изнесува под 16 отсто вели Маркоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ