(ВИДЕО) Зеленски: Секој руски војник може да си го спаси животот, подобро да преживеете во Русија отколку да умрете тука

Од:

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, повеќе од 23.000 руски војници загинале во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Освен тоа, уништени се повеќе од 1.000 руски тенкови и речиси 2.500 други воени возила, рече Зеленски во својот вечерен говор, истакнувајќи дека е тешко да се процени вистинската големина на загубите.

Москва претходно призна дека од почетокот на војната се убиени повеќе од илјада Руси, а проценува дека бројот на убиени украински борци е повеќе од 23.000.

Украинскиот претседател исто така рече дека очекува Русија да собере „дополнителни војници“ за напади во источна Украина и апелираше до руската војска за време на неговиот говор.

„Секој руски војник сè уште може да си го спаси животот. Подобро е да преживеете во Русија отколку да умрете во нашата земја“.

Би можело да ве интересира

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски