Украина обвинува дека Русите крадат жито од окупираните територии

Од:

Руските сили украле значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство на Украина Тарас Висоцки.

Висоцки е загрижен дека Москва би можела да преземе над 1,5 милиони тони жито складирано на окупираните територии. Украина е четврти најголем извозник на житни култури во светот, со продадени 44,7 милиони тони минатата сезона. Обемот на извозот нагло се намали по руската инвазија.

Во четвртокот, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро ги осудува руските криминални дејствија. Не се познати повеќе детали за наводната кражба на жито во Херсон, каде главниот град е окупиран од руските сили.

„Ограбувањето жито од регионот Херсон, како и блокирањето на пратките од украинските пристаништа и минирањето на бродските патишта, ја загрозуваат светската безбедност на храната. Бараме Русија да престане со нелегалната кражба на жито, да ги деблокира украинските пристаништа, да ја врати слободата на навигација и да дозволи трговски бродови да помиnuvaaт“, додаде од Министерството.

Од Кремљ за Ројтерс рекле дека немаат информации за вакви случувања.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски