ВИДЕО: Загина американски маринец кој се бореше на страната на Украина

Од:

Семејството на Вили Кенсел вчера соопшти дека тој загинал во Украина, и дека е првиот Американец кој загинал затоа што се борел на страната на украинската војска.

Поранешениот маринец, 22 годишниот Американец од Тенеси отишол да се бори на страната на Украина. Тој потпишал договор со приватна воена фирма, изјави за Си-ен-ен Ребека Кабрера, мајката на Вили.

– Тој замина бидејќи веруваше во она за што се борат Украинците и сакаше да биде дел од тоа, сакаше да помогне во прекин на конфликтот, за тој конфликт да не се префрли овде, и за Америка да не биде вовлечена со повеќе свои војници, рече Кабрера.

Кенсел остави зад себе сопруга и седуммесечен син.

– Испраќаме сочувство до семејството. Немаме уште добиено официјална потврда но ги видовме извештаите. Знаме дека многумина сакаат да помогнат, но ги охрабруваме Американците да најдат друг начин да го направат тоа, наместо да патуваат во Украина. Таму е активна воена зона и постојат многу ризици, изјави синоќа портпаролка на Белата куќа, Џен Псаки.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски