Словачка и Полска подготвуваат испорака на борбени авиони за Украина

Од:

Словачка и Полска постигнаа договор за испорака на словачки борбени авиони МиГ-29 на Украина, објавија во Братислава министрите за одбрана на двете држави.

Полска се согласи да го обезбеди словачкиот воздушен простор со своите американски Ф-16 доколку МиГ-овите повеќе не се достапни, изјави словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.

Неговиот полски колега Мариуш Блашчак го опиша како „совршено природно“ полските воздухопловни сили да ја прошират својата област на операции на јужниот сосед.

Над и другите претставници на словачката влада првично негираа дека Словачка може да го исполни украинското барање за предавање на борбените авиони МиГ од советски дизајн. Засега, сепак, тие се незаменливи додека Словачка не ги добие Ф-16-овите што ги нарача од САД пред неколку години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје