Холандија повторно ја отвора својата амбасада во Киев

Од:

Холандија денеска повторно ја отвора својата амбасада во Киев, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

– Мал тим на амбасадата во Киев ќе соработува блиску со украинските власти и со други партнерски земји чии службеници се вратени, напиша на Твитер холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.

Тој нагласи дека важно е неговата земја да ѝ пружи поддршка на Украина на терен.

Холандија го повлече својот дипломатски персонал од Украина, два дена по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Минатата недела, земјата повторно ја отвори својата амбасада во Лавов, во западниот дел на Украина.

Амбасадата на Холандија во Киев извесно време нема да дава конзуларна помош.

Неколку други европски држави, вклучувајќи ја и Франција, неодамна објавија за повторно отворање на своите амбасади во Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина