Локвенец: На што ќе се потрошат милионите од Пивофест?

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Хари Локвенец им се заблагодари на прилепчани за поддршката на Пивофест и според него се покажало дека манифестацијата која била отпочната и иницирана во време кога СДСМ стоеше на чело на градот, е еден успешен проект, кој носи огромен бенефит и економска полза за Општината, проект кој премина во симбол и традиција за градот.

„Во иднина, сите оние работи кои граѓаните ги подржуваат од аспект на целосната организација на фестивалот ќе останат, а нивните забелешки ќе бидат разгледани и имплементирани, со цел да имаме уште поубава манифестација.

Оваа Јубилејна, 10 годишна поред организација на пиво фест, всушност и ја потврдува оправданоста на еден ваков настан, од аспект на илјадниците посетители и многуте тони потрошени и конзумирани пиво и скара.

Според тоа, точни се бројките за големиот прoмет на угостителите, дуќанџиите хотелиерите, итн, во градот, но исто така големa добивка има и Општината. Според она што официјално имавме прилика да чуеме од организаторот, само од паркинг услуги Општината инкасирала повеќе од пет милиони денари.

На што ќе се потрошат милионските суми кои Општината ги собра за Пивофестот ?

Нашиот предлог е: Со милионскиот приход од овогодинешниот Пивофест, Општината да ги плати извршните решенија за комунални долгови на социјалните случаи во градот“, рече Локвенец.

 

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ