Западот со санкции нема да успее да ги фрли на колена Минск и Москва, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Низ разговор со граѓаните во регионот на Гомељ, Лукашенко истакна дека Белорусија и Русија имаат доволно ресурси, техонологија и интелигенција.
Тој повтори дека притисокот со санкции, принудува на барање нови можности.
– Пазарот е отворен, мора да се движите, а не да плачете, додаде белорускиот претседател.
Извор: МИА