Нова рунда преговори меѓу Турција и Ерменија на 3 мај

Од:

Нова рунда преговори меѓу Турција и Ерменија за нормализирање на односите ќе се одржи на 3 мај во Виена, информираше прес-службата на турското Министерство за надворешни работи.

– Третиот состанок на специјалните претставници на Турција, амбасадорот Сердар Кулач и заменик-претседателот на ерменскиот парламент Рубен Рубинјан, во рамки на процесот на нормализирање на односите меѓу двете земји, ќе се одржи на 3 мај во Виена, се наведува во соопштението.

Првиот круг преговори се одржа во Москва на 14 јануари. По консултациите, страните се согласија да ги обноват воздушните линии меѓу двете земји, кои беа суспендирани во 2020 година.

Состанокот за втората рунда турско-ерменски преговори се одржа во Виена на 24 февруари.

Минатиот месец ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан учествуваше на годишниот дипломатски форум во Анталија, Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу