СДСМ: Најавите на Мицкоски се одраз на немоќ и безидејност

Од:

„Додека Владата предводена од СДСМ со одговорен пристап ги решава предизвиците со најголемата економска криза по втората светска војна и го штити стандардот на граѓаните, Мицкоски се занимава со уцени и со закани за некаква радикализација заради негови себични политички амбиции“, соопшти СДСМ.

„Повеќе од јасно е дека не е време за избори, дека е потребно функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот, но Мицкоски не го интересира тоа, бидејќи неговите потреби и желби секогаш биле пред интересите на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ нема да дозволи желбата за власт на Мицкоски да резултира со штета по граѓаните, нестабилност, трошење на буџетски средства и продлабочување на кризата.

Неговите закани и најавите за радикализација се одраз на немоќ и безидејност бидејќи е свесен дека оваа Влада е стабилна и добро владее.

Мицкоски и неговата партија имаа безброј можности да направат нешто корисно за граѓаните и државата, но наместо тоа, константно произведуваат лажни вести, шират паника и партиски мобилизираат протести.

Огромна е разликата меѓу одговорното управување на СДСМ и деструктивното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он