Бајден ќе предложи пакет од 33 милијарди долари за Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе предложи огромен пакет од 33 милијарди долари за вооружување и поддршка на Украина во нејзината војна против Русија, како и користење на луксузни средства одземени од руските олигарси за да се компензира на погодената држава.

Најголемиот дел од предложениот пакет од 33 милијарди долари ќе биде – „20 милијарди долари воена и друга безбедносна помош. Тоа значи дека оружје и муниција треба да дојдат до украинскиот народ“, изјави висок американски функционер.

Дополнителна економска помош од 8,5 милијарди долари „ќе и помогне на владата на Украина да одговори на непосредната криза“, додека околу 3 милијарди долари се предложени за финансирање хуманитарна помош и справување со глобалниот шок за цените на снабдувањето со храна.

Предложениот пакет вклучува и финансирање за справување со економските нарушувања во САД и на други места, кои се движат од влијанието врз снабдувањето со храна до достапноста на критичните компоненти што се користат во производството на висока технологија.

Конгресот треба да го одобри барањето и додека и републиканците и Демократската партија на Бајден сигнализираа дека сакаат да продолжат да ја поддржуваат Украина, неповрзаниот спор околу барањето на Бајден за милијарди долари ново финансирање за пандемијата со Ковид-19 се заканува да го комплицира процесот на одобрување, јавија американски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп