Две малолетни девојчиња на возраст од 11 и 12 години вчера во центарот на Охрид на булеварот Туристичка среде бел ден биле нападнати од возрасна машка особа.
Во полициската станица во Охрид граѓанин пријавил дека пред зграда бр.12 на ул.„Бул.Туристичка“ двете девојчиња биле пресретнати од машко лице на возраст од околу 35-40 години кое со рака го удрило едното девојче во пределот на задникот, а потоа почнал да се смее на висок тон по што двете со забрзан чекор се упатиле во зградата бр.12.
Откако влегле во лифтот, според пријавата, лицето дошло по нив и со една рака ја фатило вратата од лифтот, а со другата се потпрел со рамото на лифтот и притоа им се обратил, упатувајќи се во внатрешноста од лифтот фаќајки го едното девојче со рака за сукњата по што почнало да ја влече со намера да ја соблече, но таа со двете раце успеала да ја задржи.
За тоа време лицето го откопчало патентот од шлицот од панталоните, и го извадило половиот орган. Во еден момент девојчињата успеале да се отргнат од лицето по што избегале, а лицето почнало да вика дека ништо нема да им направи смеејки се наглас. СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.