Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива

Од:

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руските сили, не е одржлива и може да се покаже како опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Руските сили го окупираа целото подрачје, вклучувајќи ја и самата нуклеарка, најголемата во Европа.

Гроси информираше дека МААЕ во повеќе наврати се обидела да добие пристап до нуклеарката, но, безуспешно. Како што тој истакна, нуклеарката „си бара поправки“ што „и понатаму не се реализираат“.

– Ситуацијата е таква, каква што ја опишав. Ова не е одржливо. Ова е црвено светло што трепери, нагласи Гроси.

Околу ситуацијата во Запорожје, неделава, тој разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски истакнал дека Украина не сака инспектори на МААЕ да ја посетат нуклеарката, додека е под контрола на „трета страна“.

Гроси додаде дека продолжува да ги притиска руските власти, со цел да им овозможат на инспекторите, да ја посетат нуклеарката во Запорожје.

Генералниот директор на МААЕ наскоро очекува средба со руски претставници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски