(ВИДЕО) Лазаревска: Наставата мора да продолжи, политичката агенда на СОНК ги држи учениците во неизвесност

Од:

„Уценувачкиот однос и политичката агенда што ја спроведува раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес. Децата, учениците се ставени во неизвесност. Со неколкунеделен прекин на наставата се загрозува иднината на над 16.000 матуранти и нивното натамошно студирање“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„За штетноста од прекинот на наставата предупредија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ апелирајќи наставниот процес да продолжи.

Владата предводена од СДСМ како никоја Влада претходно покажа грижа за вработените во образованието и детската заштита.

Преку социјалниот дијалог се дојде до конкретен предлог за зголемување на платите од 12 отсто, како и нов Општ колективен договор и нова методологија за континуиран раст на платите.

Сето тоа во време на најголема светска економска криза. Одбивањето да се покачат платите во просек по околу 3.000 денари од страна на раководството на СОНК покажува дека платите на наставниците не се цел туку политичката агенда на опозицијата.

Тоа е истата опозиција која овде, во Собранието цела година блокира Закон за поголеми плати на наставниците.

Очигледно се избрза со штрајкот свесно иако во законот за минимална плата стои временски период за усогласување на платите од 6 месеци.

Правото на штрајк и протест е уставно гарантирано право, но правото на образование е исто така уставно гарантирано, кога овие права доаѓаат во судир, правата на децата се поважни.

Никој не смее да ги загрозува правата на децата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата.

Учениците мора да се вратат на настава, за последиците по нивното образование да не станат уште потешки“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?