Бугарска владина делегација во Брисел на разговори за прекин на испораката на гас од Русија

Од:

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов денеска се очекува да пристигнат во Брисел на средби во Европската комисија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Бугарската национална телевизија, посетата на бугарските високи претставници на Брисел е поврзана со одлуката на руската гасна компанија „Газпром“ да го прекине снабдувањето со гас за Бугарија.

Василев ќе разговара со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Русија вчера ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска со образложение дека двете земји одбиле да плаќаат во рубљи.

Европската комисија соопшти дека одлуката на Москва е уцена и провокација од страна на Кремљ, а плаќањето во рубљи е спротивно на европските санкции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?