Американскиот Конгрес го поддржа планот за враќање на набљудувачкиот статус на Тајван во СЗО

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес едногласно со 425 гласови „за“ усвои закон со кој се бара од Стејт департментот да поднесе план што би му помогнал на Тајван да го врати статусот на набљудувач во Светската здравствена организација (СЗО).

Нацрт-законот што ја доби поддршката од Сенатот во август минатата година, ќе биде испратен до Белата куќа каде треба да биде парафиран од претседателот Џозеф Бајден.

Тајван е исклучен од повеќето меѓународни организации како што е СЗО поради спротивставувањето на Кина која го смета островот за една од своите провинции, а не за независна држава.

Мерката му наложува на американскиот државен секретар да усвои стратегија со која на Тајпеј ќе му се даде статус на набљудувач во Собранието на Светската здравствена организација, телото што ги носи одлуките на СЗО. Таквиот статус му беше одземен на Тајван во 2017 година.

САД немаат формални дипломатски врски со Тајван, но се нивниот најважен меѓународен спонзор и снабдувач со оружје, активности што генерираат постојани тензии во односите меѓу Пекинг и Вашингтон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија