СДСМ: Над 16.000 матуранти се во неизвесност поради политизација на штрајкот на СОНК

Од:

„Над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК. Од нив околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни. Загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК“, соопшти СДСМ.

„Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза.

СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.

Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.

Учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна.

Правото на образование на децата е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода