Обама со најава за реформа на програмата за разузнавачки надзор на Интернет

Од:

Американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе побара реформа на програмата за разузнавачки надзор на Интернет и телефонските комуникации кои изминатите месеци предизвикаа бурна полемика во САД.

Обама на прес конференција истакна дека ќе биде воспоставен поголем надзор над програмите на Националната незбедносна агенција и како еден пример наведе формирање надворешна комисија составена од поранешни разузнавачки лица, претставници на организации за заштита на човекови права и правници кои ќе следат детали од програмата.

– Не е доволно само јас како претседател да верувам во тие програми туку и американскиот народ треба исто така да верува во нив, изјави Обама.

Тој најави и објавување анализа на Министерството за правда со законско образложување на програмата за надзор која во јуни ја откри поранешниот соработник на НСА и ЦИА, Едвард Сноуден.

Обама истакна дека Сноуден не е патриот заради тоа што открил програми што ги користи Владата за надзор на Интернет.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак