Првиот круг гласање за нов претседател на Албанија на 10 мај

Од:

Првиот круг гласање за нов шеф на државата во албанскиот парламент ќе се одржи на 10 мај, потврдуваат од владејачката Социјалистичка партија.

Координаторот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала изјави дека на опозицијата и даваат рок од една недела да се вклучи во консултациите за кандидат за оваа функција.

-Планираме средбата на координаторите на пратеничките групи да се одржи на 4 мај, а на 10 мај да се одржи првиот круг гласање за нов претседател на републиката. Не само слабост, туку и неодговорност ќе го наречам самоисклучувањето на секоја од пратеничките групи на опозицијата од процесот, рече Бала.

Тој уште еднаш категорично истакна дека на консултативната средба нема место за демократските пратеници од „Комисијата за обнова на Демократската партија“ на Сали Бериша, предупредувајќи го Бериша „да стои настрана од консултациите за кандидат за шеф на државата“.

-Со Сали Бериша ниту има, ниту некогаш ќе има преговори за што било. За ништо. Значи Сали Бериша не постои за нас. А со нешто што не постои, нема разговори, посочи Бала.

Според Уставот се спроведуваат пет круга на гласање. Во првиот круг за да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од 84 од вкупно 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом. Доколку е неуспешен првиот, и во вториот и третиот круг треба да има поддршка од 84 пратеници, што социјалиситите ги немаат.

За првпат се случува, при избор на нов шеф на државата на социјалиситите да не им треба поддршка од други пратенички групи, зашто во следните кругови на гласање потребно е просто мнозинство од 71 пратеник, што го имаат. Но, како што велат, сакаат да се постигне консензус за кандидат кој ќе биде надпартиска личност.

Наследникот на актуелниот претседател Илир Мета, треба да биде избран до 24 мај, а функцијата ја презема на 24 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски