ВИДЕО: Русија тврди дека во текот на ноќта убила 500 украински војници

Од:

Руското Министерство за одбрана тврди дека руската армија убила 500 украински војници во текот на ноќта откако нејзината авијација погодила 87 воени цели во Украина. Се вели дека меѓу погодените цели се и две складишта за оружје во регионот на Харков.

Министерството, исто така, објави видео на својата веб-страница на која наводно се гледа база за складирање и поправка на украинските вооружени сили кои тие тврдат дека ги окупирале. На видеото може да се видат воени тенкови и други возила.

Засега нема независна потврда на овие наводи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ