Уште еден пациент со потврдена ебола почина во Демократска Република Конго, неколку дена откако смртоносната болест повторно се појави во земјата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Генетското тестирање покажа дека инфекцијата е потврдена минатата недела, нов случај на пренос од заразено животно и дека не е поврзана со последната епидемија, чиј крај беше објавен во декември, информира СЗО на Твитер.
Второто лице кое починало било семејно поврзано со првиот починат пациент, изјави портпаролот на СЗО.
Конго претходно имаше 13 епидемии на ебола, вклучувајќи ја и онаа од 2018 до 2020 година во источниот дел на земјата, во која починаа речиси 2.300 луѓе, што е втор најголем број регистрирани случаи во историјата на оваа болест.
Извор: МИА