Во пукањето во Чаир ликвидиран Јонуз Идризи, брат на скопјанецот кој лани беше убиен со испукани 80 куршуми

Од:

Пукањето во скопски Чаир каде загина скопјанец се случило дваесет минути пред десет часот. Полицијата вели дека две лица пукале од автоматско оружје во угостителски објект. Убиениот е Јонуз Идризи, брат на Камер Идризи кој во мај минатата година беше убиен на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во престрелката вчеравечер, повредени се уште две лица.

„Со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Јонуз Идризи е најстариот брат на Камер Идризи, кон кого пак, лани беа испукани 80 куршуми. Камер Идризи беше едно од лицата врз кое беше пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

Извршителите на сите три престрелки, не се пронајдени.

Би можело да ве интересира

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија