Карадај: По Бајрам, Бугарија треба да се подготви за предвремени парламентарни избори

Од:

Претседателот на бугарската парламентарна опозициска партија Движење за права и слободи (ДПС), Мустафа Карадај ги повика бугарските граѓани со турско потекло кои емигрирале во Турција на крајот од владеењето на Тодор Живков во 1989 година, да се подготват за избори по 2 мај.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во својот говор на хуманитарната вечера во турскиот град Чорлу, Карадај побара од бугарските иселеници во земјата да бидат подготвени за предвремени избори во Бугарија.

– По Бајрам сите да се подготвиме за предвремени избори, рече Карадај, повикајќи ги бугарските Турци кои живеат во Турција на претстојните парламентарни избори да имаат уште подобар резултат отколку на последните избори на 14 ноември 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?