Лидерите на Руската Федерација и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган утре телефонски ќе разговараат, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
– Да, има такви планови, изјави Песков за руските медиуми.
Турскиот претседател пред неколку дена изјави дека планира да ги повика рускиот и украинскиот претседател и да разговара за одржување мировни преговори на лидерско ниво во Турција.
Извор: МИА