Жовка: Гутереш нема овластување да зборува во име на Украина

Од:

Игор Жовко, советник на украинскиот претседател, го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за неговата претстојна средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Гутереш „нема овластување да зборува во име на Украина“.

– Не е добра идеја тој да отпатува во Москва. Не ја сфаќаме неговата намера да отпатува во Москва и да разговара со претседателот Владимир Путин, изјави Жовка, пренесува Гардијан.

Тој рече дека „иако сите мировни преговори се добри ако завршат со резултати“, се сомнева дека разговорите што ги иницира Гутереш ќе дадат некаков резултат.

Според соопштението на ОН, Гутереш денеска ќе ја посети престолнината Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Утре ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе има работен ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговата последна станица ќе биде в четврток во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеб.

Турција се постави како посредник меѓу Украина и Русија за време на војната и беше домаќин на мировните преговори меѓу двете страни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски