Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар најави крај на првата фаза од операцијата против припадниците на Курдиската работничка партија (ПКК) во северен Ирак.
– Првата фаза е завршена. Нашата војска стигна до местата каде што требаше да стигне и до територијата што ќе ја контролира. Мора да се нагласи дека заробените цели се првата фаза од оваа етапа, рече тој.
Ноќта на 18 април, турските вооружени сили започнаа нова воена операција против членовите на ПКК во северен Ирак, во која беа вклучени воздушните сили и специјалните сили на земјата. Акар рече дека целите поставени во првата фаза од операцијата се постигнати. Тој исто така додаде дека единствената цел на турската војска е да ги елиминира терористите.
Од своја страна, ирачкото Министерство за надворешни работи ги нарече активностите на Анкара „неприфатливи, кои го поткопуваат суверенитетот“ на таа земја.
Извор: МИА