СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е злосторничко здружение

Од:

„Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение“, соопшти СДСМ.

„Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес.

Шефот на Христијан Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 11 години затвор во само три предмети.

Во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а пота и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Ниту еднаш.

После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он