Француската полиција отворила оган врз автомобил во центарот на Париз, при што загинале две лица, а едно е повредено, објавија утринава Франс инфо и весникот Фигаро.
Инцидентот се случил во текот на ноќта во близина на мостот Пон Неф, во строгиот центар на Париз, јавува Ројтерс.
More on Paris shooting – two men in car going in wrong direction in the Premier arrondisement refused to stop leading to police use guns and both killed https://t.co/0N4Q3ux390
— Raffaello Pantucci (@raffpantucci) April 24, 2022
Полицијата прво забележала дека автомобилот се движи во погрешна насока, по што се обидела да го запре возилото и да го провери возачот, додаваат француските медиуми.
Локалната телевизија BFM објави дека надзорното тело на француската полиција IGPN започна сопствена истрага за случајот.