Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Стоун Бриџ“, денеска ќе почне 8. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2013“, а ќе се одржува до 21-ви август во хотелот „Стоун Бриџ“.
На колонијата ќе учествуваат академските ликовни уметници Христина Стојчевска, Љубица Мешкова Солак, Ирина Титиева, Мирјана Крстева Массетти и Димитар Солаковски, од Македонија, како и Карен Агамијан од Ерменија, Букурије Далладаку од Германија, Сара Ерика Марија Хедберг од Шведска, Симеон Панајотов од Бугарија и Зоран Чалија од Србија.
Градот Скопје ја поддржува колонијата, што годинава се одржува во хотелот „Стоун Бриџ“, сместен во Старата скопска чаршија којашто според својата местоположба и многуте културно-историски споменици претставува место каде што од минатото, па се до денес се вкрстосувале и поврзувале различни цивилизации и култури, место со богато културно наследство.