Ќе останам посветена на Франција и Французите, уверува Марин Ле Пен и најави битка за парламентарните избори

Од:

Кандидатката на десницата на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз.

Марин Ле Пен притоа го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа, јави дописникот на МИА.

Таа понатаму додаде: „Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг“.

– Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате, истакна Ла Пен.

Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата