Делегацијата на владејачката коалиција во Бугарија в среда ќе отпатува за Киев, изјави премиерот Кирил Петков за bTV.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека делегацијата предводена од него ќе ги предаде шлемовите и елеците кои се помош од Бугарија.
Втората задача, според Петков, е владејачката коалиција во Бугарија заедно да покаже поддршка за Украина, а да се биде таму е симболично. Третата задача ќе продолжи да се разговара за прашањето за враќањето на бугарскиот брод од Црното Море.
Кирил Петков повтори дека би бил среќен Бугарија да и пружи воена помош на Украина, но како премиер неговата цел е да се погрижи владејачката коалиција да излезе со заеднички став. Бугарската делегација ќе отпатува за Полска, од каде ќе продолжи за Украина.
Иницијативата за посета на Киев, која доаѓа по притисокот од јавноста, ја најави бугарскиот премиер по 4-дневната посета на Софија на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Извор: МИА