Софија: Дадовме дозвола за прелет на руски авион

Од:

Официјален претставник на бугарската влада потврди за БГНЕС дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја.

Изворот појасни дека се работи за дозволен лет од МНР, кој имал хуманитарна цел – да ги земе руските дипломати.

Руски владин авион утринава во 9.26 слета на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Тој полетал од Сочи и минал низ воздушниот простор на Бугарија, која во февруари годинава објави дека забранила летови на руски авиони низ нејзина територија.

Претходно, Н1 јави дека рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полетал за Белград преку Бугарија.

Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24.com, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9.30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, што е ознака за руските државни авиони.

Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот Никола Тесла каде слета рускиот авион. Од друга страна, љубителите на авијацијата на Инстаграм објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром, истакнува Н1.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.

Веб-страницата flightradar24.com покажува дека истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17 април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.

 

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов