Кога е вистинското време на детето да му купите мобилен телефон?

Од:

Повеќето родители тврдат дека на своите деца им купиле мобилни телефони од безбедносни причини, а неколкумина со цел нивните деца да не се разликуваат од врсниците. Децата денес во просек на седум години добиваат мобилен телефон.

Додека во ’90-те години од минатиот век децата своите први мобилни телефони го добиле дури во тинејџерските години, во просек на 13 години, денес таа граница се поместила за дури шест години, покажува студијата на британскиот мобилен оператор „Мобајл фоун чекер“.

Според студијата, повеќето деца денес мобилен телефон добиваат уште во прво одделение, со наполнети седум години, пишува „Дејли мејл“.

Околу 74 отсто од родителите велат дека на своите деца им дале мобилни телефони од безбедносни причини, за да можат да проверат каде се или за детето да ги повика, доколку му се потребни.

Дваесет и два отсто од родителите на детето мобилен му купиле, бидејќи тоа тоа го сакало или затоа што сите други деца околу него имаат мобилни телефони.

– И покрај тоа што главна причина за давањето мобилен телефон на седумгодишно дете е безбедноста, многумина сметаат дека тоа е прерано. Денес децата уште во прво одделение од осново училиште совршено работат со смартфоните, што е последица на се поголемата достапност и раното воведување на технологијата во животот, заклучува директорот на компанијата, која ја спроведе студијата, Адам Кабле.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска