Тајната на Мона Лиза ќе биде наскоро решена

Од:

Семејната гробница на Џерардини денеска ќе биде отворена за да можат научниците да ги споредат примероците на ДНК со женскиот костур од манастирот Урсулин за кој се верува дека била модел на Леонардо да Винчи за портретот на Мона Лиза.

Истражувачите веруваат дека жената која го инспирирала Да Винчи, била Лиса Џерардини Дел Џоканда, жена на трговец од улицата во која живеел славниот уметник во 16-от век.

Гробницата е отворена минатата година во поранешниот манастир Урсулин во Франција и пронајдени се неколку скелети, јави „Дејли Мејл“.

monalisa

Се верува дека е еден од костурите е на Лиса Џерардини, а за тоа да се потврди, ќе се спореди со примероците на нејзините синови закопани во семејната гробница во Фиренца.

Се верува дека мажот на Лиса, Франческо Дел Џоконда го нарачал портретот од Да Винчи за да ја прослави нејзината бременост или купувањето на куќата меѓу 1502 и 1503 година.

После смртта на Франческо, таа стана монахиња. Почина во 1542 година на 63 години и е погребана во манастирот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска