Обама со шефовите на Епл и Гугл ја разгледал спорната програма за електронско следење

Од:

Претседателот на САД Барак Обама се сретнал со претставници на телекомуникациските и интернет гиганти Епл, Гугл и АТТ, за да разговара за наметнатата полемика околу програмата за електронско следење на американската

Агенција за национална безбедност НСА, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на информација на списанието „Политико“.

Средбата се оддржала вчера, пишува списанието. На неа учествувале генералниот директор на Епл, Тим Кук, генералниот директор на АТТ, Рендал Стивенсон, и извонредниот компјутерски експерт, Винтан Сарф, кој работи за Гугл и кој е сметан за еден од татковците на Интернетот.

Белата куќа засега не ја потврди информацијата на весникот.

Списанието „Политико“ соопштува дека средбата не била впишана во вчерашниот дневен ред на Обама.

По откритијата на поранешниот консултант на НСА, Едвард Сноуден, за програмата за електронско следење -Призма, американскиот претседател неколку пати повтори дека следењето на електронските комуникации е законско и придонело за спасување на човечки животи и спречување на атентати. Обама ги уверуваше сонародниците дека никој не ги прислушува нивните телефони.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН