„Банката на Америка“ од наредната година ќе издава само картички од рециклирана пластика

Од:

Мултинационалната инвестициска „Банка на Америка“ денеска најави дека од наредната година почнува со замена на сите кредитни и дебитни картички за нови изработени од најмалку 80 проценти рециклирана пластика.

Тоа е првата поголема банка во САД што најави таков потег за целото свое портфолио на дебитни и кредитни картички.

„Тоа ќе помогне за намалување на негативното влијание на пластиката врз животната средина и како поддршка на напорите на компанијата да спроведува одржливи решенија преку ниска емисија на јаглеродни гасови“, се наведува во соопштението на холдингот.

Минатата година „Банката на Америка“ постави цел нула емисија јагледорни гасови до 2050 година за сите нејзини активности.

„Банката на Америка“ издава 54 милиони потрошувачки и комерцијални картички годишно, така што најавениот потег се очекува да значи 235 тони помалку отпад од пластика за еднократна употреба.

Компанијата исто така предвидува дека преориентирањето кон рециклирана пластика за нејзиното портфолио кредитни и дебитни картички ќе придонесе за намалување на емисиите гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, како и на потрошувачката на енергија и вода.

„Банката на Америка“ од 2019 година за свои клиенти нуди и дебитни картички.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски