Ковачевски-Левитс: Итна евроинтеграција на Македонија, прашањата со Бугарија да се решат надвор од пристапниот процес

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го прими претседателот на Република Латвија Егилс Левитс којшто е во официјална посета на нашата земја.

Премиерот Ковачевски му посака топло добредојде на претседателот на Латвија Левитс и на средбата истакна дека неговата посета на Северна Македонија е чекор повеќе за натамошно унапредување на нашите билатерални врски меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска, беше нагласено дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 26 години, двете земји негуваат исклучително пријателски и блиски односи со силен фокус на динамизирање на политичкиот дијалог и на трговската размена.

Претседателот на Владата Ковачевски во разговорот со претседателот Левитс потенцираше дека Северна Македонија високо го цени ставот на Латвија дека е од витално значење да се продолжи со процесот на евроинтеграција на Северна Македонија со одржување на Меѓувладина конференција што е можно поскоро и дека прашањата со Бугарија треба да се решат по пат на дијалог и разбирање, надвор од пристапниот процес.

Претседателот на Република Латвија Егилс Левитс на средбата истакна дека членството на Западен Балкан во ЕУ е прашање на гео-политичка одржливост за самата ЕУ во време и во околностите предизвикани со руската инвазија на Украина.

Тема на средбата меѓу претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски и претседателот на Латвија Левитс беше и војната во Украина за која беше истакнато дека е брутално кршење на меѓународното право и неиспровоцирана воена агресија на Русија врз една суверена држава и дека дипломатијата и дијалогот се неопходни за запирање на воените дејствија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ