Ушаков: Уверени сме дека ќе продолжи комуникацијата Русија – САД

Од:

Кремељ беше подготвен за откажувањето на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Москва и таа одлука ја прими мирно, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој наведе дека Русија е уверена дака контактите повторно ќе бидат воспоставени бидејќи нивното отсуство би водело во ќорсокак.

Помошникот на Владмир Путин посочи дека Москва веќе упатила одговор до Вашингтон, изразувајќи разочарување поради откажувањето на посетата, додавајќи оти поканата до Обама и понатаму е отворена.

– Билатералниот дијалог е важен не само за Русија и САД, туку и за стабилноста и безбедноста во светот, изјави Ушаков.

Белата куќа во средата ја откажа билатералната средба меѓу Обама и Путин во Москва, откако поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден доби привремен азил во Русија.

Би можело да ве интересира

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс