„Проблемот со откупот на пченицата единствено може да се реши со владина одлука за интервентен откуп на 10 000 тони пченица од индивидуалните земјоделци по цена од 15 денари за килограм. Тоа се нешто повеќе од 2 милиони евра, пари кои повторно ќе се вратат во буџетот во јануари кога пченицата ќе се пушти во продажба.
– Апелираме Владата да не губи повеќе време и да не им прави дополнителни загуби на земјоделците туку за прв пат да постапи државнички и наместо пари за фонтани и други непродуктивни проекти да ја спаси годинешната реколта.
– Место и време за тактизирање нема особено што српската Влада вчера јасно им порача на македонските власти дека нивната толеранција за прекршување на договорот со ЦЕФТА ќе биде до 15 август. Доколку не се тргне условениот увоз на пченица Србија ќе воведе контра мерки на увозот на македонското овошје и зеленчук. Ваква штета Македонија не смее да си дозволи“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.