Кулеба: Оние кои не ја поддржуваат Украина со оружје, де факто ја поддржуваат руската агресија

Од:

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба во бугарското народно собрание изјави дека оние кои денеска не и помагаат на неговата земја, тие и помагаат на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.

Кулеба коментира дека е задоволен од средбите со министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, со премиерот Петков и со претседателот Радев.

Пред бугарскиот претседател, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика да се прекине со флоскулата за војна меѓу двата братски словенски народи и рече дека ако Киев е пријател со Москва, тогаш тие се како Каин и Авел. Според Кулеба, Бугарија направила многу за евроинтеграциите и за бегалците од Украина. Што се однесува до воено-техничката помош што Бугарија може да и ја испрати на Украина – рече дека ја разбира внатрешно-политичката ситуација во земјата и додаде дека оваа одлука ја остава на бугарската влада.

Оние кои се двоумат и зборуваат против помагањето на Украина со оружје против Русија – тие според него, ја поддржува де факто руската агресија и убивањето на нејзините граѓани.

Тој говореше на седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, на која присуствуваа и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и амбасадорот на Украина во Софија, Виталиј Москаленко, поранешен амбасадор во Република Северна Македонија.

Претседателката на надворешната комисија, Венцислава Љубенова од „Промената продолжува“ рече дека се што се случува во Украина сериозно и постојано се следи во бугарскиот парламент, бугарската држава, а особено бугарското општество. Дмитриј Кулеба беше примен и од претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он