Членови на групата која во Бејрут киднапира двајца пилоти на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, во замена за нивното ослободување бараат да се ослободат деветмина Либанци, јави ИТАР ТАСС.
Според информации на либанските медиуми, пилотите биле грабанти од групата „Гости на имамот Риза“.
Либанците, на чие ослободување инсистира групата, пред извесно време биле грабнати во Сирија. Се смета дека станува збор за инцидентот од 22 мај 2012 година, што се случи во реон на градот Азаз, на сириско-турската граница.
Грабнатите Либанци, кои се шиити, се наоѓале во раце на групата „Ахрар аш Шам“, поврзана со Сириската слободна армија. Се смета дека Турција, која има поблиски односи со сириската опозиција, може да изврши притисок врз грабнувачите на Либанците и тие да се
ослободат.