Терминалот за течен природен гас на грчкиот остров Ревитуса има капацитет во иднина да ги снабдува и соседните земји

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово го посети терминалот за течен природен на островот Ревитуса и порача дека „земјата треба да биде подготвена за најлошото сценарио при евентуален целосен прекин на испораките на гас од Русија“, додавајќи дека ќе бидат подготвени да се справат и со оваа веројатност, јави дописничката на МИА од Атина.

Терминалот за течен природен гас (LNG) на грчкиот остров Ревитуса, што во овој момент е и единствениот во Грција од ваков тип, според владини извори, има капацитет за снабдување со природен гас не само наменет за грчкиот пазар, туку и на пазарите на соседните земји, преку постоечкиот интерконкетор со Бугарија, но и идниот со Северна Македонија.

Малиот ненаселен остров Ревитуса е во Сарноскиот залив во близина на Атина, а пристаништето може да прими бродови од 25.000 до 266.000 метри кубни течен природен гас.

Терминалот е со вкупен капацитет за складирање на 225.000 кубни метри течен природен гас, има два резервоари од по 65.000 кубни метри и еден поголем, со капацитет од 95.000 кубни метри.

Во 2021 година Ревитуса, според истите извори, покри речиси една третина (31,8 отсто) од вкупниот увоз на гас во Грција, додека во првиот квартал на 2022 година, стана главна порта за природен гас во земјата, покривајќи 43,23 отсто од увозот со пристигнување течен природен гас од шест земји (САД, Алжир, Нигерија, Египет, Оман и Индонезија).

Преку терминалот на Ревитуса за време на првата криза во Украина во 2009 година, со течен природен гас неколку дена се снабдувал бугарскиот пазар, преку обратен проток на гас кон Бугарија од приклучното место кај Сидирокастро.

Грчкиот премиер за време на посетата ја истакна важноста на терминалот на Ревитуса.

-Природниот гас во течен облик е исклучително важен за да се постигне проширување на изворите за снабдување со гас. Во овој план, одлучувачка улога има Ревитуса во сегашната, но и во надградената форма има клучна улога, како што имаат клучна улога и новите инвестиции, пловните капацитети за течен природен гас, како што е оној во Александрополис, рече Мицотакис.

Терминал за течен природен гас се гради и во градот Александруполи во североисточниот дел на Грција, а во проектот е вклучена и Северна Македонија.

Во однос на енергетската криза, Мицотакис рече дека високите цени на природниот гас претставуваат „увезен проблем“ и затоа потребен е и европски одговор, но и да не се постигне нешто такво, Мицотакис истакна дека грчката Влада, доколку е потребно ќе преземе дополнителни мерки за поддршка на граѓаните.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната