133 нови случаи на Ковид-19, едно починато лице

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 78 нови случаи, во Битола – 16, во Велес – 14, во Тетово – 6, во Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни 133, регистрирани се 20 реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително на 8 април е пријавено едно починато лице од Струга на 73 години, починато во болнички услови.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово – по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и Ресен – по 3, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово – по 1.

Направени се 1.833 тестови преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, Лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–86, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-35, Биотек-96, Систина-44, лабораторија Лаор-60, Синлаб-4, Ремедика-14, Плодност-11, Генеа-16, Никоб Лаб-115, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 883.

Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145105, Активни 444
Куманово 16611, Активни 7
Битола 15147, Активни 122
Прилеп 14112, Активни 34
Тетово 13445, Активни 13
Кавадарци 10604, Активни 24
Велес 9742, Активни 29
Гостивар 9570, Активни 18
Охрид 8815, Активни 20
Струмица 8044, Активни 20
Штип 8001, Активни 16
Кичево 5599, Активни 6
Кочани 5070, Активни 3
Струга 4711, Активни 7
Гевгелија 4396, Активни 6
Неготино 3673, Активни 6
Ресен 2710, Активни 3
Свети Николе 2623, Активни 0
Радовиш 2527, Активни 7
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1970, Активни 4
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1642, Активни 4
Валандово 1481, Активни 1
Виница 1386, Активни 2
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 928, Активни 2
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 0
Македонска Каменица 522, Активни 0
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски