Вашингтон и Сеул за преговори со Пјонгјанг по серијата ракетни тестови на севернокорејската армија

Од:

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја. Сунг Ким, денеска изјави дека Вашингтон и Сеул се согласни за потребата од силен одговор на неодамнешните севернокорејски ракетни тестирања, но истовремено и дека остануваат отворени за дијалог со Пјонгјанг.

„Се согласивме за потребата од силен одговор на дестабилизирачкото однесување (на Северна Кореја) што го видовме. Се согласивме и за потребата од одржување на најсилниот можен заеднички капацитет за одвраќање на Корејскиот полуостров“, изјави Ким на новинарите по средбата со јужнокорејскиот функционер, Нох Кју-Дук.

Ким дојде во Сеул два дена откако Северна Кореја тестираше нов тип ракета во 13-тото по ред пробно лансирање оваа година. Експертите ценат дека Северна Кореја сака да го подобри својот воен арсенал со дел да изнуди отстапки од ривалите, како што е укинување на санкциите. Меѓу тестираните оружја има и ракети што би можеле да носат нуклеарно оружје и да достигнат до копното на САД, како и до територии на нивните сојузници како што се Јужна Кореја и Јапонија. Постои загриженост дека Северна Кореја наскоро би можела да изврши нуклеарна проба со цел да го зголеми притисокот врз политичките соперници.

Кју Дук, претставникот на Јужна Кореја за нуклеарни прашања, рече дека тој и Ким споделуваат загриженост дека Северна Кореја најверојатно ќе продолжи со потези што ги зголемуваат тензиите во регионот.

Истовремено тој ја повика Северна Кореја да се врати на преговорите.

Ким рече дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не ја затвориле вратата за дипломатијата како и оти „немаат непријателски намери кон Северна Кореја“, со повторување за подготвеноста на Вашингтон за преговари со Пјонгјанг каде било и без никакви условувања. Северна Кореја веќе некое време го отфрла повикот нагласувајќи дека САД мора прво да се откажат од својата непријателска политика за да ги продолжат преговорите.

Некои експерти велат дека Северна Кореја сака САД да ги ублажат санкциите или да ги прекинат редовните воени вежби со Јужна Кореја, активности што Пјонгјанг ги смета како подготовка за инвазија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија