Шпанија повторно ја отворa амбасадата во Киев

Од:

Шпанија во наредните денови повторно ќе ја отвори својата амбасада во Киев, изјави денеска премиерот Педро Санчез во интервју за телевизијата Антена3.

Шпанската амбасада во Киев беше евакуирана на 24 февруари, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина.

Неколку европски земји, вклучително и Чешка, Словенија, Италија, Португалија и Франција, најавија дека повторно ќе ги отворат своите амбасади во Киев, од каде привремено ги преселија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск