Македонија е на Светско, ракометарите повторно во елитата

Од:

Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првнество кое во јануари следната година ќе се одржи во Полска и во Шведска откако во реваншот од бараж двомечот со Чешка вечерва во „Борис Трајковски“ славеше со 27-25 Првиот дуел во Злин заврши без победник 24-24.

Нашиот национален тим имаше предност во текот на целиот натпревар, на полувремето имаше два гола позитива (14-12). Во вторто полувреме, нашата селекција имаше и максимални четири гола предност, но најчесто беше на три гола позитива.

Но, во драматичниот финиш во кој во главните улоги беа голманите, Чесите се доближија на минус еден на четири минути пред крајот. Во последните две минути, Талевски и Кузмановски од пенал ги постигнаа головите за големиот триумф.

Кузмановски со осум и Талевски со шест гола беа најефикасни во нашиот табот. Никола Митревски маше 14 одбрани.

На овој дуел од националниот дрес се прости Филип Миркуловски. Иако имаше најава дека дуелот ќе биде последен и за Кирил Лазаров, сепак најверојатно капитенот и селктор репрезенативната кариера би ја завршил на некој од натпреварите од европските квалфикации наесен.

За македонската ракометна репрезентација, Мундијалот, следниот јануари ќе биде осмо светско првенство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ракометарите одат на Светско: Епски пресврт во баражот со Фарски Острови

Катерина Ѓуровски

Голем предизивик за ракометарите, Фарски Острови противник во баражот на Светското првнество

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Македонија се врати од негатива и триумфираше над Турција за крај на евроквалификациите

Катерина Ѓуровски

Ракометарите преку Луксембург кон Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Мароканците „лесен залак“ за Македонија

Катерина Ѓуровски